Monday, May 16, 2011

Библиски голф

Си биле Мојсеј, Исус и постар мистериозен човек и играле голф.
- Прв е Мојсеј. Ја мава топката топката лета накај езерце, Мојсеј бргу се стрчува накај езерото, го дели на пола, и топката безбедно се тркала по дното на езерото и застанува. Мојсеј со уште еден удар ја втерува во дупката.
- Следен е Исус . Ја мава топката, таа паѓа во езерото, но останува на површина . Исус оди по површината на езерото, ја удира топката и успева да ја внесе од 2ра.
- Накрај, постариот господин ја мава топката, таа лета и паѓа во устата на жаба покрај езерото. Доаѓа орел ја грабнува жабата, ја носи високо во воздух и ја пушта. Жабата паѓа, ја плука топката и топката влегува во дупката со еден удар.
Во тој момент Исус му се врти на постариот господин и му вика:
- Тато ти ќе играш голф или ќе си играш к**от???!!
!



Предмет

Си биле Американец, Македонец и Французин. Се возиле во едeн брод и кога стигнале на сред океан испаднал ѓаволот и им рекол:
- Ајде сега сите да фрлите по еден предмет во океанот и после 10 минути јас ќе се фрлам во океанот да го барам, ако ја најдам ве јадам.
Прв бил Американецот, барал, барал во торбата и нашол една игла, ја фрлил. После 10 минути ѓаволот се фрлил во океанот и ја нашол иглата и го изел американецот.
Следен бил Французинот. Скинал едно влакно од косата и го фрлил. По 10 минути ѓаволот се фрлил и го нашол и го изел и него.
Македонецот извадил нешто бело од џебот и го фрлил. Ѓаволот се насмевнал, а Македонецот рекол:
- Ова нема да можеш да го најдеш.
По 10 минути ѓаволот се фрлил и барал 1 саат, 2 саати, 5 саати, 1 ден го немало ѓаволот. Излегол од и рекол:
- Добро тебе не те јадам, спасен си само кажи ми што фрли?
И овој македонецот рекол:
- Ти кажав дека не можеш да го најдеш, фрлив шумеча таблета
.



Пазар

Еднаш снаата и свекрва решиле заедно да одаат на пазар. Одејќи низ пазарот снаата здогледала некои убави домати и и рекла на свекрвата:
- Свекрво види види колку убави домати да ги касниш в уста да ти останат.
Си го продолжиле патот и свекрвата здогледала некои убави гробишта и и викала на снаата:
- Снао, снао, види колку убави гробишта да легнеш па да не станеш…



Јапонци и Црногорци

Се договориле претседателите на Јапонија и на Црна Гора да направат размена на луѓе по 10 вагона, за да се измешаат малку двата народа бидејки Јапонците премногу вредни, а Црногорците премногу мрзливи па колку-толку да се изедначат малку. По 2 дена стигнуваат возовите во двете држави, но во Јапонија стигнуваат 11 вагона. Јапонскиот претседател веднаш му се јавил на Црногорскиот:
- Зошто бе пријател си пратил 11 вагона, нели се договоривме по 10?
- А бе се е во ред, едниот вагон се враќа назад, тоа се амали за да ги истовараат Црногорците


Скокање

На брод се Американец, Англичанец, Русин, Германец, Французин и Македонец. Бродот удрил во санта мраз и капетанот му наредил на еден морнарда им каже на патниците да скокат во вода. Се враќа морнарот изнервиран и му се жали на капетанот дека патниците одбиваат да скокнат. Тогаш отишол капетанот и се вратил по 5 минути.
- Скокнаа. – му рекол на морнарот.
- Како успеавте да ги натерате?
А капетанот му одговорил:
- На Англичанецот му реков дека тоа е спортски, на Русинот дека тоа е револуционерно, на Германецот дека тоа е наредба, на Французинот дека е отмено, на Американецот дека е осигурен, а на Македонецот дека тоа е забрането.



Фалба

Си биле американец, русин и македонец. И тие се фалеле кој во што е подобар. Американецот рекол дека кај нив е развиено градежништвото, дека кај нив се градат високи згради и облакодери. Русинот рекол дека кај нив е развиена медицината, односно дека некој човек што не гледал убаво му ставиле фарови од волга, и дека после тоа се убаво гледал како був. На ова македонецот рекол:
- И кај нас е развиена медицината, еден човек работејќи на машина за сечење дрва си ја исече раката до зглоб, па ние му сошивме виме од крава па сега работи и си цуца млекце.
На ова русинот прашал:
- Е кој го видел тоа?
И македонецот одговорил:
- Тој вашиот со фаровите!


Лозинка

Оди русокоса во продавница каде што го купила компјутерот и прашува зошто компјутерот не сака да ја конектира на интернет. Продавачот ја прашал:
- А, знаеш ли кој ти е парвордо?
- Знам, шест sвездички.